Трошковникот за локалните избори 2013 во Гевгелија тежок 456.105 денари

Од:

Согласно Изборниот законик на Република Македонија, организаторите на изборна кампања од чии листи на кандидати се избрани членови на Советот на Општината и градоначалник, подлежат на исплата на надоместок во висина од 15 денари по добиен глас од електоратот, кој за општина Гевгелија, за последно одржаните локални избори 2013 е утврден на вкупна сума од 456.105 денари.

Надоместокот ќе го исплати Општина Гевгелија од локалните буџетски средства за 2013 година преку секторот за финансии до жиро-сметката на организаторите на изборната кампања што освоиле над 1,5 отсто од гласовите на електоратот.

Според официјалните резултати, за 8.120 освоени гласови за членови на Совет и 8.722 гласови за градоначалник, најголема сума од оваа ставка ќе легне на сметката на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Втор корисник на надоместок на трошоците за изборна кампања е коалицијата на СДСМ која освои вкупно 12.704 гласови, за што, соодветно, ќе ѝ бидат исплатени 190.560 денари.

Овие две коалиции се единствените партиски претставници во новоформираниот општински Совет, кој функционира веќе месец и половина.

На листата за исплата се наоѓаат и партијата ДОМ со освоени 324 гласови, со вкалкулиран надоместок од 4.860 денари и Групата избирачи предводена од Лилјана Карајанова, која освои 537 гласови и надоместок од 8.055 денари.

ДОМ и Групата избирачи не освоија место во Советот на Општината, но според Законот обезбедија надоместок на трошоците поради освоено најмалку 1,5 % од вкупниот број гласови од излезените граѓани. ДОМ освои 2,1% од вкупниот број гласови од излезените граѓани што оствариле право на глас, а Групата избирачи 3,49%, со што беше обезбеден законскиот цензус за исплата на дел трошоците направени за време на локалните избори годинава.

Организаторите на изборна кампања, во согласност со членот 85 од Изборниот законик, доставија финансиски извештаи до надлежните државни органи, но и до Општината, како пропишана законска обврска, која понатаму, според другите законски одредби, е задолжена да го пресмета и да го исплати надоместокот до секој учесник од изборниот процес што го обезбедил гласачкиот цензус од 1,5 % од граѓаните што гласале во текот на изборниот ден.

A.Д.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски