Пак тресе кај Петриња, регистриран нов земјотрес

Од:

Земјотрес со јачина од три степени е регистриран вечерва кај хрватскиот град Петриња, во централниот де од земјата, соопшти сеизмолошкиот завод.

Според податоците на службата, епицентарот на земјотресот, кој се случил во 20 часот и 43 минути, бил кај селото Вратечко, на 13 километри западно од Петриња.

Стотици помали земјотреси го погодија регионот на централна Хрватска од крајот на декември, кога се случи најсилниот потрес од 6,2 степени, во кој имаше и човечки жртви, а предизвикана беше огромна материјална штета во Петриња, Сисак и околните места.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија