Фајзер бара од европските власти да ја одобрат вакцината за деца од 12 до 15 години

Од:

Фајзер и БиоНТек потврдија денеска дека Европската агенција за лекови (ЕМА) поднеле барање за проширување на примената на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Компаниите, претходно овој месец, поднесоа слично барање до регулаторното здравствено тело во САД за својата вакцина, која е веќе одобрена за употреба кај луѓето на возраст над 16 години и во САД и во ЕУ.

Нивното барање е врз основа на позитивните резултати од клиничкото испитување во доцна фаза, кое опфатило 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија Фајзер и БиоНТек.

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски изјави неодамна дека очекува вакцината на Фајзер/БиоНТек да биде одобрена за деца од 12 до 15 години до средината на мај.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии