ВИДЕО: Охрид е преполн, гужви во маркетите, раздвижено низ кејот и чаршијата

Од:

Гужви пред бутиците, речиси целосно исполнети угостителски објекти покрај кејот. Ваква е сликата во Охрид викендов, откако илјадници граѓани го искористија продолжениот викенд за одмор покрај Охридското Езеро. Туристи има најмногу од земјава, но не изостануваат ни оние од странство. Во градот во придружба на туристички водич, можат да се забележат повеќе групи. Сончевото време, дополнително допринесува да улиците бидат полни.

Полни се и маркетите, најмногу пазарат туристите, но и жителите на Охрид во пресрет на Велигден. Пред некои од бутиците, ред се чека и надвор, а слично е и во дел од маркетите кои се лоцирани во центарот на градот. Најмногу посетители има  кај угостителителите кои се наоѓаат покрај кејот. Низ охридската чаршија постојано патролира полиција, задолжена за спроведување на мерките за спречување на коронавирусот.

Како и секоја година, со исклучок на минатата, се очекува најмногу гужви да има во црквите, особено утревечер, за празникот Велигден. Богослужба ќе има во сите храмови, заедно со земање на причесна. Од МПЦ веќе имаше апел за безбедно празнување, односно да се почитуваат протоколите.

План за викендов има и МВР, кое има распоредено повеќе екипи низ градот кои ќе патролираат. Изутринава, поради гужви во градот, го регулираа и сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски