Средношколец ранет со нож, тројца му се нафрлиле во населбата Топанско Поле

Од:

17-годишен скопјанец вчеравечер за време на полициски час е ранет во тепачка што се случила во скопската населба Топанско Поле, откако според негово кажување, тројца го нападнале на булеварот „Македонско-косовска бригада“, соопшти МВР.

„На 28.04.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет. Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада“ бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана,“ велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски