Основачот на Бионтек тврди: Ќе треба да се прима и трета доза вакцина против Ковид-19

Од:

Колективниот имунитет во Европа ќе се постигне до јули или најдоцна до август, кога околу 60 проценти од Европејците ќе бидат вакцинирани против коронавирусот, тврди научникот и основачот на германската компанија „БиоНТек“, Угур Сахин.

Тој тврди дека ќе биде потребно да се прими третата доза од вакцината, бидејќи по најмногу девет или 12 месеци, антителата во организмот на вакцинираните лица се намалуваат.

Во иднина, Сахин вели дека ревакцинацијата против Ковид-19 ќе треба да се повторува на една и пол година, а според него, вакцината на Фајзер/Бионтек делува на сите сега познати варијанти.

– Го испитавме влијанието на вакцината врз 30 мутации на вирусот и откривме дека таа делува, односно обезбедува заштита против сите досега познати мутации, истакна Сахин.

Би можело да ве интересира

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти

Предраг Петровиќ

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Британската Влада и „БиоНТек“ потпишаа договор за развој на нови терапии против карцином

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер