Карзаи: САД го прекршија ветувањето

Од:

Претседателот на Авганистан сака да се приклучи во мировните преговори со талибанците, доколку САД ги исполнат ветувањата кои што ги даде американскиот државен секретар Кери.

Забуна околу преговорите внесе Карзаи кога го откажа планираното учество на делегацијата во новоотворената канцеларија на талибанците во Доха, претстолнина на Катар, бидејќи САД како што рече тој го прекршиле ветувањето дека канцеларијата нема да се смета за амбасада или влада во егзил.

Карзаи во среда изјави дека нема да учествува во мировните преговори со талибанците, доколку САД не излезат од тие преговори, а вооружените групи не ги сопрат нападите во Авганистан.

Тој е револтиран и поради најавата на САД и талибаните дека во Доха ќе започнат прелиминарни мировни преговори без учество на авганистанската влада.

Авганистанскиот претседател донесе одлука да ги откаже преговорите со САД за безбедносниот пакт и го обвини Вашингтон за конфузните пораки за мировните преговори со талибанците.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан