Авганистанската влада би можела да преговара со талибанците

Од:

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи има желба да им се придружи на мировните преговори со талибанците доколку САД ги исполнат ветувањата кои ги даде американскиот државен секретар Џон Кери во телефонски разговор, изјави денеска портпаролот на авганистанската Влада, Фајек Вахиди.

Проблемот околу преговорите го направи Карзаи кога го откажа планираното упатување на делегацијата во новоотворената канцеларија на талибанците во Доха, престолнината на Катар, бидејќи САД го прекршиле ветувањето дека оваа канцеларија нема да ја смета за амбасада или влада во егзил.

Портпаролот Вахиди истакна дека Кери ветил дека талибанското знаме и таблата со натпис „Исламски емират Авганистан“ ќе бидат отстранети и наместо оваа табла ќе биде поставен натпис „Биро за мировни преговори“.

Кери, исто така, нагласи дека САД ќе издадат официјално соопштение со поддршка на авганистанската Влада.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан