Со помош на специјални нуркачи откриени над 46 килограми кокаин во брод што од Бразил стигнал во Грција

Од:

Грчката крајбрежна служба откри и заплени 46 килограми и 710 грама кокаин во товарен брод што пловел под знаме од Маршалските острови, а од Бразил пристигнал во Коринт и уапсени се 23 членови на екипажот за поседување и трговија на дрога.

Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, информацијата дека товарен брод што плови кон Грција, можно е да пренесува дрога, стигнала од канцеларијата во американската амбасада во Атина на Службата за борба со дрога на САД (ДЕА).

Контролата на трупот на бродот ја извршиле припадници на специјалната нуркачка единица, при што бил откриен кокаинот, спакуван во 38 пластични пакувања.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески