СДСМ: На 27 април беа нападнати Собранието и уставниот поредок, Мицкоски со ситe сили го брани крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На 27 април беа нападнати Собранието и уставниот поредок, Мицкоски со ситe сили го брани крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ. На 27 април вооружени насилници посегнаа по животите на пратеници, на новинари, посегнаа по уставниот поредок, по демократијата и волјата на граѓаните, а државата ја днесоа на раб на граѓанска војна велат од СДСМ во соопштение.

-Тие насилници не се и никогаш нема да бидат уставобранители како што лицемерно ги нарекува бранителот на криминалот и потрчкото на Никола Груевски, Христијан Мицкоски. 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, а обидите за одбрана на насилниците, докажуваат дека оваа партија и Мицкоски не се поместиле ниту педа од насилничката и режимска матрица на Груевски. На 27 април 2017 не успеаја обидите државата да се дестабилизира. На 27 април 2017 победи храброста, одличноста да се случат демократските промени, државата да се врати на вистинскиот пат се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не можам да откривам детали, но има нови сознанија за аферата „Мазут“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сегашната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

Мицкоски: Ќе изградиме систем во кој сите ќе бидат еднакво вреднувани

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз