Српски такси-сервис нуди бесплатен превоз за луѓето кои се вакцинираат

Од:

Сервисот за такси услуги во Белград, CarGo, им понуди на жителите на градот кои се вакцинираат на Белградскиот саем бесплатен превоз од и до нивните домови, јавуваат српските медиуми.

Според зборовите на претседателот на здружението CarGo, кое здружува такси компании со посебна апликација, сите кои добиле повик да се вакцинираат на Саемот, ќе можат целосно бесплатно да дојдат до местото од која било локација во Белград, во периодот од 10 до 15 часот.

„Масовната вакцинација е единственото решение да ја победиме короната и да продолжиме нормално со животите. Овој чин на CarGo е само мала поддршка за граѓаните, за медицинскиот персонал и за државата, заедно да ги пребродиме овие тешки моменти,“ изјави првиот човек на сервисот, Александар Вучиќ.

Тој се надева дека оваа акција ќе ги поттикне граѓаните да се вакцинираат пред Велигденските празници.

„Веруваме дека најголема мисија и задача на сите нас е да се грижиме за своите најблиски, а тоа можеме најдобро да го направиме така што ќе се вакцинираме пред празниците, кои само така безбедно ќе ги поминеме со семејството и пријателите,“ додаде Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија