Канада планира да испрати припадници на вооружените сили и Црвениот крст во провинцијата Онтарио, каде треба да им помогнат на локалните власти да се справат со огромниот број хоспитализирани пациенти со Ковид-19, изјави канадскиот министер за внатрешни работи Бил Блер.
Во последните 24 часа во болиците во Онтарио се регистрирани 877 пациенти на одделите за интензивна нега, а според лекарите, тој број би можел да достигне 1.500 до почетокот на мај.
Во провинцијата Алберта, која има најголем број заболени од Ковид-19 во Канада, властите најавија дека денеска ќе почнат да вакцинираат 15.000 работници во месната индустрија.