Препораки од Стразбур и ОБСЕ за подобрување на Изборниот законик

Од:

Мислењето на Венецијанската комисија (Европска комисија за демократија преку правото) и на ОБСЕ/ОДХИР за Изборниот законик во Македонија е изработено по барање на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), таканаречената „Мониторинг комисија“, откако претходно Комисијата даде свои видувања при изработката на Законикот.

-За да се обезбеди интегритетот на изборниот процес, како и за подобрување на довербата на јавноста, што е од клучно значење, потребно е Изборниот законик да се спроведува целосно и ефективно, сметаат меѓународните правни експерти кои го разгледаа новиот Изборен законик на Република Македонија.

„Брзото донесување на законот во ноември 2012, без консензус од опозицијата, доведоа до закани за бојкот и продолжување на роковите за пријавување на кандидати за локалните избори“, се вели во мислењето на Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР.

Експертите во таа прилика ја истакнуваат важноста на инклузивноста на процесот и конструктивен дијалог меѓу сите политички сили и засегнатите страни во какви било понатамошни измени и дополнувања на Изборниот законик на земјата.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука