Реал Мадрид стравува од одмазда од Европската фудбалска федерација поради учеството во Суперлигата.
Според „Ел Чирингито“, во таборот на „кралевите“ постои загриженост за можниот притисок од судијата Дени Мекели во полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи.
Натпреварот Реал Мадрид – Челзи ќе се одигра утревечер од 21 часот.
Мадридскиот клуб официјално не се повлече од Суперлигата, а претседателот Флорентино Перез беше еден од иницијаторите за проектот Суперлигајбогатите европски клубови, се формира на 19 април, но беше стопирана два дена подоцна откако се повлекоа речиси сите клубови кои најавија учество.