Германија го осуди руското ограничување на пловидбата во три региони во Црно Море

Од:

Германија денеска ја искритикува одлуката на Русија на неколку месеци да затвори три региони во Црното Море за странски воени бродови.

Ограничувањата стапија на сила во саботата вечерта и ќе важат до 31 октомври, јавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

-Забраната за таканаречениот мирен премин низ територијалните води, што ќе трае толку долго, е невидена и проблематична од гледна точка на меѓународното право, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер.

„Што се однесува до меѓународните води и територијалните води на нелегално анектираниот Крим, сметаме дека ова е кршење на меѓународното право“, изјави Бургер во Берлин.

Тој додаде дека Германија ќе продолжи да ги испитува состојбите на теренот и правната позиција на таквата одлука.

Според извештаите на руските медиуми, ограничувањата се однесуваат на областа долж крајбрежјето на Крим, меѓу Севастопол и Гурзуф, реон во близина на полуостровот Керч и подрачје во близина на западниот дел на Крим.

Меѓународната заедница не ја признава анексијата на црноморскиот полуостров Крим, што Русија го анектираше по референдумот во март 2014 година. сд/

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот