53-годишниот британски политичар Сајмон Паркес тврди дека четири пати годишно има сексуални односи со вонземјанка и дека заедно со неа имаат ќерка Зарка.
Тој во интервју за „Нортерн Еко„ раскажа дека кога бил дете го киднапирале вонземјани и дека го сакаат поради неговата душа, а не поради телото.
Тој тврди дека вонземјаните личат на рептили, дека имаат човечка фигура и огромни очи, и дека освен тоа, се прилично досадни.
-Мојата жена дозна за сето тоа и се скаравме. Несреќна е и тоа ни предизвика проблеми, но мојата врска со вонземјанката која се вика Кет Квин не е на човечко ниво- вели Сајмон.