Детали за монструозните ликвидации во „бункерот на смртта“ – сведок открива што се случувало во викендичката на Беливук

Од:

Индустриската машина за мелење месо која била пронајдена во тајната просторија во викендичката на Вељко Беливук е предадена на форензичка анализа. Но, уште на лице место форензичарите нашле траги кои укажуваат дека во тајниот бункер, скриен под земја се извршувале егзекуции и биле унишувани докази.

Постојат соменвања дека монструозната апаратура била користена за уништување делови од тела на убиените противници на озлогласената криминална група. Полицијата наводно има докази дека во бункерот биле убиени најмалаку пет лица.

„Она што го затекнавме во тајната просторија не шокираше. Трагите укажуваат на страшни методи на измачување, а покрај машината за мелење место пронајдени се и неколку пиштоли, автоматски пушки, снајпер и голема количина муниција“ – сведочи за српските медиуми лице вклучено во истрагата.

До сознанието за постоењето на тајниот бункер, истражните органи дошле по анализата на кодираните телефони одземени од уапсените членови на криминалната група, но и по одлуката на неколкумина од нив да соработуваат со истрагата и да станат заштитени сведоци.

Траги за убиства исто така се пронајдени и во просторијата која оваа група ја користела на стадионот на Партизан. Таму била пронајдена коска од череп. Од сите членови на семејствоата на исчезнатите луѓе кои се сметаат за потенцијални жртви на оваа група, земени се биолошки промероци за да може преку ДНК анализа евентуално да биде потврден индентиетот на дел од убиените.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он