Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.
Трудо, кој во декември наполни 49 години, се имунизира со вакцината на британско-шведската компанија „АстраЗенека“, во една аптека во главниот град Отава.
– Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата, држејќи ја сопругата за рака додека се подготвуваше инјекцијата.
Неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година, денеска исто така ја прими првата доза од вакцината.