„По силувањето ме држеше за рака и бараше да му пеам“ – филмот на Штајнфелд открива детали

Од:

Документарниот филм „Зацели ме“ („Hold Me Right“) на српската актерка и режисерка Даниела Штајнфелд, деновиве за првпат се прикажува пред српската публика, а во него таа открива детали од силувањето за кое го обвинува нејзиниот колега и славен актер, Бранислав Лечиќ.

Во филмот, кој е своевидна исповед на актерката во врска со трауматичниот случај, вклучена е и снимка која таа ја направила ден по наводното силување.

„Требаше да почувствувам дека има ваква намера, ми зборуваше уште од 2010 година дека ме посакува. Јас нему му зборував дека не го посакувам. Му кажував дека не сум заинтересирана, дека имам дечко, дека не закам каква било врска со него, што и беше вистина,“ вели Штајнфелд на снимката од 2012 година.

„Цело време му кажував да престане, дека се плашам, дека не го сакам тоа, толку многу пати му кажав „не“. Ме стисна до ѕид, почна да ме милува и да ме фаќа секаде по телото, ја стави раката во моите гаќи. После се обидуваше сето тоа да го претстави како неважно и се правеше дека се е во ред. Кога се враќавме назад, неговата жена цело време го бараше, а тој само ме држеше за рака и ми кажуваше дека е среќен и благодарен, ми се смешкаше. Бараше да му пеам, и му пеев. Во тој момент веќе не бев човечко суштество. Уште се сеќавам на моментот кога излегов од неговиот автомобил и ги спуштив нозете на земја. Мислев дека е чудесно тоа што сум жива и дека се е готово,“ вели Штајнфелд во снимката која е вклучена во нејзиниот филм.

Таа открива дека долго го планирала начинот на кој ќе докаже дека Лечиќ бил тој што ја силувал.

„Одлучив дека ќе најдам доказ, за луѓето да ми веруваат. Дека ќе најдам начин да дојдам до доказ. Сите пријатели ми зборуваа дека нема шанси дека ќе успеам и дека поминало многу време, за да можам што било да докажам. Дека ќе се ставам себеси во многу несигурна и опасна ситуација, како и дека нема поента да го правам тоа. Но, тогаш одлучив да го снимам,“ вели актерката, која снимката од телефонскиот разговор со Лечиќ ја вклучи во филмот, чија премиера беше лани, но во него не се открива идентитетот на силувачот.

Штајфелд го обвинува Лечиќ дека пред девет години, кога заедно играле во театарска претстава во Белград, ја одвел со неговиот автомобил на периферијата на градот, каде ја силувал.

Српската јавност беше шокирана од обвинувањето против Лечиќ, кој покрај ѕвездената филмска кариера, има искуство и во политиката и беше министер за култура на Србија. Тој беше повикан во полиција да даде исказ во врска со обвинувањето, кое категорично го одбива. Случајот предизвика многу внимание во јавноста и поделби во актерската фела, меѓу глумците кои застанаа во поддршка на Штајнфелд и колегите кои го бранеа Лечиќ, велејќи дека тој е осуден од медиумите и од јавноста пред да му биде докажана вината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ