(ВИДЕО) Актерката Штајнфелд раскажа за траумата: Ме мачеше и силуваше мојот драг колега, не можев да зборувам и да стојам

Од:

Ме силуваше мојот драг колега и пријател, Бранислав Лечиќ. Со овие зборови српската актерка Данијела Штајнфелд го почнува интервјуто за „Инсајдер“, во кое таа раскажува детали од силувањето за кое го обвини колегата актер Бранислав Лечиќ.

„И покрај моето плачење и молење, тој со неговиот автомобил ме одведе среде ноќ на некое непознато место надвор од Белград, на периферијата, и таму ме мачеше и ме силуваше,“ раскажа Штајнфелд. Таа во времето кога според неа се случило силувањето, работела заедно со Лечиќ на претстава, која четири дена подоцна и заедно ја играле.

„Кажував, повторував „не“ додека можев. Тоа беше многу големо мачење, психолошко, емотивно, физичко и сексуално. Во еден момент не можев ниту да зборувам, ниту да стојам, ниту да ги подигнам рацете,“ вели актерката.

Штајнфелд вели и дека по трауматичниот настан била во шок и размислувала веднаш да оди во полиција, но не го сторила тоа поради страв од она во што би се претворила медиумската и јавна војна меѓу две познати личности. Мислела дека никој нема да ѝ верува наспроти легендарниот Лечиќ, дека ќе ја загуби работата во театарот и сигурноста што ја имала.

„Кога се појави во јавноста случајот со жртвите на Мика Алексиќ, Бранислав Лечиќ смисли да биде голем активист против сексуалните злостори. Во моментот кога тој ги повика учениците на училиштето на Алексиќ да се префрлат во неговото актерско училиште, тоа ја прели чашата. Јас сфатив дека тоа сега не е прашање на она што ќе ми се случи мене во моментот кога ќе проговорам, ова е прашање на мојата општествена одговорност,“ вели Штајнфелд.

Лечиќ, кој е 28 години постар од актерката која го обвинува, денеска во неколку наврати се огласи во врска со случајот, нарекувајќи го „најгнасна лага“.

Неколку српски медиуми вечерва објавија дека познатиот актер со долга кариера и многу награди, кој беше и министер за култура на Србија, се огласил и во врска со објавената аудио снимка, на која тој разговара со Даниела Штајнфелд и не негира дека настанот се случил.

Според Блиц, Лечиќ на неколкумина странски новинари кои го контактирале во врска со обвинувањата, им кажал дека снимката е „дел од некоја претстава“ и дека тој „само глумел“. Според српските медиуми, Лечиќ бил подготвен да оди и на полиграф, доколку снимката биде прифатена како доказ на Обвинителството во овој случај.

Штајнфелд вели дека тврдењето околу снимката е лага и дека би сакала некој да ѝ покаже во која претстава или филм постојат такви реплики.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати