Во Србија вечерва е извлечена „седумка“ на лото со вредност од 2,9 милиони евра, што е една од најголемите награди добиени на игри на среќа во земјата.
Според Лотарија на Србија, организаторот на играта, добитното ливче е уплатено во градот Суботица, на северот на земјата.
Добитната комбинација што му ја донесе милионската „седумка“ на среќниот добитник е: 3, 7, 12, 25, 33, 34 и 38.