Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија од почетокот на кризата испратила околу 120.000 вакцини во земјите од регионот, додека во самата Србија вакцинирала околу 65.000 граѓани од тие земји и најави дека процесот на вакцинација ќе продолжи, бидејќи ниту една земја не може да го реши сама проблемот.
-Сметаме дека овие вакцини се подеднакво важни за нашите соседи како што се важни и за нас. Затоа што ако тие имаат тешка ситуација, ќе биде бесмислено она што го правиме, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе продолжи да го вакцинира своето население, и покрај одредени проблеми со кои се соочува.
Вучиќ оцени дека во српската јавност постои проблем со таканаречените антиваксерски групи, кои поради разни теории на заговор не сакаат да се вакцинираат, но дека проблемот е и во тоа што државата во почетната фаза набави голем број вакцини, така што еден број на луќе имаат впечаток дека не треба да брзаат, тука да можат да се вакцинира во секое време.
Вучиќ додаде дека Србија од Ковакс програмат примила 57.000 од планираните 96.000 вакцини и дека од квотата на ЕУ од планираните 260.000 вакцини Србија ќе добие само 36.000 дози.
-Се согласивме со тоа бидејќи вакцините се поважни во некои други делови од регионот. Благодарам и на ЕУ и на Ковакс , кажа тој.