Три години без дозвола полнеле „Шарпланинска вода“ во Тетово и ја продавале, поднесени три кривични пријави

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе три кривични пријави против две физички и едно правно лице оти три години, без дозвола, полнеле вода и ја продавале како „Шарпланиснка вода – Iam Scardica water“. Трите кривични пријави се за „Сун анд старс ДОО експорт импорт“ како правно лице и како физички лица за сопственикот и за одговорното лице во истата компанија.

Кривичното дело за кое се товарат е незаконска експлоатација на минерални суровини

„Пријавените лица во својство на одговорни лица и сосопственици на ’СУН АНД СТАРС ДОО експорт – импорт’ од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 01.01.2017 година до 31.12.2020 година вршеле незаконита експлоатација на минерални суровини-минерална вода определени со закон. Спротивно на од Договорот за концесија за експлоатација на минерална вода на локалитетот ’с.Првце’, Општина Теарце склучен во 2015 година, спротивно од Законот за минерални суровини и спротивно од Законот за води, пријавените, без да ги обезбедат законски предвидените дозволи за користење на води, за испуштање на вода и за експлоатација на минерални суровини, изворите на минерални води ги експлоатирале, водата ја полнеле во шишиња и истата ја ставиле во промет, со што се стекнале со противправна имотна корист, од продажбата на флашираната вода ,,Шарпланинска вода- Iam Scardica water,, во износ од 28.659.312,00 денари“, извести Управата за финансиска полиција.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, украле близу половина милион евра од дневниот промет

Ана Ололовска

Финансиска полиција: Управата во своето работење постапува неселективно и непристрасно

Ана Ололовска

Кривична пријава против три лица за набавка на медицински средства за Клиниката за токсикологија

Ана Ололовска

Кривична пријава против двајца управители во ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз

Ана Ололовска

Финансова полиција поднесе кривична пријава за вработена во приватна клиника

А1он