Откако му се спротивстави за „рамковните“, Заев ќе го разрешува Пауновски

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно Пауновски одби да вработи 35 „рамковни“ административци, бидејќи сметаше дека тие не исполнуваат услови согласно систематизацијата. На ова одговори Заев, кој јавно му испрати порака и рече да не дава отпор. Пауновски отиде чекор понатаму и кажа дека е разочаран од изјавата на премиерот. Премиерот Заев смета дека Пауновски со изјавите го понижил него, но и Артан Груби како вицепремиер задолжен за прераспределба на рамковните вработени.

„Секој ден да се препукувате со потпретседателот на Владата, гледам сега и со претседателот на Владата, во време во кое живееме според мене не е дозволено. Не очекувам да биде даден предлог за негово разрешување, и тоа од Љупчо Николовски. Не можете да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е толку транспарентно, воспоставено на одлични основи, искрени основи, за институциите да дадат одговор. Ако нема систематизирано место или не може да се систематизира, не мора да биде примено на работа и слично. Минаа месеци и години, се плаќаат луѓе за ништо. Во ред е да го соопштам податокот што го имам. Од 1.349 лица 1.182 прифатиле распоредување, 38 одбиле, 13 одат на трансфер-листа. Сите тие граѓани се наши граѓани. Зеле плата, не работеле ништо. Секој ден да водите полемика со претседател на Влада е пркос што не е дозволен. Хиерархијата треба да функционира. Стојко Пауновски ми е пријател, но станува збор за принцип. Сметам дека има основа за негово разрешување. Очекувам службите да отворат постапка“, рече Заев.

Претходно, Пауновски објасни дека одбил вработување на „рамковните“ административци бидејќи според систематизацијата на Државниот пазарен инспекторат, тие не ги исполнувале критериумите. Тој побара „рамковните“ кои ѝ се доделени на институцијата со која раководи, да ги земе друга, каде ќе можат да работат според образованието.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски