Османи: Европската перспектива на Западниот Балкан – гарант за долгорочна стабилност и просперитет

Од:

Во рамки на официјалната посета на Република Косово, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари одвоени средби со претседателката, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца.

За време на средбите на маса беа ставени темите за иднината на регионот сои фокус на регионалната соработка, при што Османи ја реафирмираше пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграција на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави, информира МНР преку писмено соопштение.

„Наша заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Во оваа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме нашите стекнати знаења и искуства на располагање на нашите пријатели во Косово. Европската интеграција значи пред сè институционален и економски напредок, но уште повеќе, во својата суштина таа носи пријателство, солидарност и сигурност – вредности кои значат траен и долгорочен мир, стабилност и соодветно на тоа севкупен напредок како најзначајна потреба на нашите граѓани“, нагласи Османи.

„Без оглед на предизвиците со кои се соочува, а согласно својот демократски и реформски исчекор, Северна Македонија за време на португалското претседавање со Советот на ЕУ, очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе означи и почеток на формалниот процес на преговори”, додаде тој.

Северна Македонија очекува што поскоро формирање на Владата на соседна Бугарија, по што би се продолжило со заокружување на акцискиот план за соработка, а со тоа и зајакнување на билатералните односи и довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, порача Османи.

Меѓу другото, за време на средбите начелно се разговараше и за парламентарната соработка и учеството на припадници на Армијата на Северна Македонија во рамките на мисијата на КФОР во Косово.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски