Охрид: Директорот стана наплатувач на паркинг

Од:

Претходниот директор на Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од Охрид, Боро Шајн инаку долгогодишен член на СДСМ за А1он не сака да коментира ништо околу информациите дека по смената од директорското место по доаѓањето на новата локална власт во Охрид, е распределен на работно место наплатувач на паркинзи откако претпријатието ги презеде под свое владение паркинг просторите во Охрид.

„Немам коментар околу тоа. Има различни верзии, обратете се кај новиот директор за да видете каква е ситуацијата. Како би постапиле доколу навистина бидете поставени за наплаќач на паркинг? Немам коментар“, рече Шајн.

Екс директорот на Јавното претпријатие Биљанини извори од Охрид, Боро Шајн со одлука на Управен одбор и официјално е распределен на работно место наплаќач на паркинг простор, изјави за А1он новиот директорот на претпријатието, Иван Цветковски.

Според него со цел санирање на катастрофалната економска состојба во која се наоѓа претпријатието и санирање на штетите, управниот одбор му наложил да изврши времено распределување на работните задачи на вработените па и на Шајн кој е истакнат член на СДСМ во Охрид.

„Во тој дел се опфатени и дел од вработените во јавната администрација на ЈП Биљанини извори со цел санација на економоското катастрофално и штетно работење на фирмата, а се со цел за многу побрзо време санирање на состојбите кои се алармантно лоши. Боро Шајн е распределен за наплаќач на јавен паркинг, а локацијата дополнително ќе се утврди. Решението се изготвува и дополнително ќе му биде доделено.Ова го направивме со цел да не вработуваме многу нови луѓе и теретот да не падне на нив“, рече Цветковски.

Цветковски вели дека во одлуката поранешниот директор Шајн во иднина да наплаќа за паркирање во Охрид не се крие ниакква политичка позадина.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан