Повеќе од пет милиони Израелци целосно вакцинирани

Од:

Само четири месеци откако Израел ја почна својата кампања за вакцинација, над пет милиони Израелци ја примија и втората доза од вакцината против Ковид-19, покажуваат денешните бројки на Министерството за здравство.

Паралелно со успехот на кампањата, израелската Влада почна со постепено олеснување на рестриктивните мерки, особено за оние кои се вакцинирани и оние кои прележале Ковид-19.

Од неделата повеќе не е задолжително да се носи маска на отворено.

Бројот на сериозно болни пациенти исто така драматично падна и неодамна изнесуваше околу 160, во споредба со крајот на јануари, кога имаше околу 1.200.

Израел, кој има девет милиони жители, ја почна својата кампања на 19 декември. Министерот за здравство Јули Еделштајн денеска ја поздрави целта за вакцинирање нарекувајќи ја „огромно достигнување за здравствениот систем и граѓаните на Израел“.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег