Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Ривалдо им упати поддршка на демонстрантите кои се противат на големите трошоци за организацијата на Мундијалот идната година.
– На Бразил не му треба организација на Светско првенство. Срам е толку пари да се потрошат за ова натпреварување кога во државата училиштата и болниците се во многу лоша состојба. Нас не ни треба Мундијал во фудбал, туку натпреварување за подобро здравство и образование, изјави Ривалдо.
Деновиве во Бразил се одржува фудбалскиот Куп на конфедерации, а низ државата беа организирани неколку протести поради големите трошоци за Светското првенство во фудбал кои изнесуваат околу 15 милијарди долари.