За истечена регистрација времено одземени 45 возила во Тетовско

Од:

Во изминатите повеќе од три и пол месеци, на поширокото тетовско подрачје, поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, согласно новите измени на Законот за возила (член 344), a кои стапија во сила кон крајот на декември лани, времено, на три месеци, биле одземени вкупно 45 патнички моторни возила и 3 мотоцикли. Едно од одземените возила е и поради бучавост.

– Главна цел на овие активности е навреме да се откријат и од сообраќај да се отстранат подолго време нерегистрираните возила, чија техничка исправност не била проверена и кои можат да ја загрозат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Сопствениците ќе треба да ги регистрираат возилата или да не ги користат во сообраќај, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На сите сопственици-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, кои за овој вид прекршок изнесуваат 500 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар