Франција овој месец ќе донира 100.000 дози на Астра Зенека на земји во развој, со што ќе стане првата членка на ЕУ која ќе испрати свои залихи во програмата Ковакс за посиромашните земји, изјави денеска советник на претседателот Емануел Макрон.
Макрон ги повика земјите од ЕУ да испратат пет проценти од сопствените резерви на вакцини во земјите во развој со цел да се запре развојот на нови мутации на вирусот и да се спречи Русија и Кина да добијат дипломатска предност со споделување на своите вакцини.
– Франција ќе промовира европски механизам за споделување на вакцини со Ковакс, изјави советник на Макрон, изразувајќи надеж дека другите земји ќе се посветат на „физичко споделување вакцини со Ковакс“.
Целта на Ковакс, поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ) е да обезбеди две милијарди дози вакцини за посиромашните земји до крајот на 2021 година.
Франција се обврза дека ќе испрати 500.000 дози до средината на јуни, нагласи францускиот советник, додавајќи дека првата серија ќе биде испратена наскоро. гт/
2021-04-21 19:19:25, о