Почина „Тони Сопрано” на 51 годишна возраст

Од:

Актерот Џејмс Гандолфини, познат како Тони Сопрано во легендарната серија „The Sopranos”, почина во Италија на 51-годишна возраст, објави сајтот IMDb.

Oфицијалните причини за смртта на актерот се уште се непознати, но според првичните информации, тој доживеал срцев удар.

Актерот престојувал во Италија за да го посети 59-то издание на Филмскиот фестивал Таормина во Сицилија, каде што требал да учествува во еден од настаните, заедно со италијанскиот режисер Габриеле Мучино.

Гандофини има освоено 3 Еми награди за главната улога во текот на шесте сезони на славната серија „The Sopranos”, според многумина една од најдобрите крими серии.

Освен во оваа серија, Гандофини оствари своја улога во голем број на други филмови, вклучувајќи ги и “Get Shorty”, “The Mexican” и “Zero Dark Thirty”.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ