Словенија, Хрватска и Италија потпишаа изјава за заштита на Јадранско Море

Од:

Министрите за надворешни работи на Словенија, на Хрватска и на Италија денеска во Брдо кај Крањ денеска потпишаа заедничка изјава за заштита на северениот дел на Јадранско Море.

Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар по потпишувањето на Договорот со хрватскиот и италијанскиот колега Гордан Грлиќ Радман и италијанскиот Луиџи ди Маџо, истакна дека се донесени заклучоци за зајакнување на соработката меѓу трите земји во заштитата на Јадранско Море, што според него е основна рамка за зајакнување на соработката во областите од заеднички интерес.

На својот претходен состанок одржан на 19 декември минатата година во Трст, министрите се согласија дека Јадранско Море е мост кој ги обединува сите народи од подрачјето и е извор на напредок за сите. Тие исто така се договорија за интегриртан пристап за заштита на животната средина и за одржлив развпј.исто така се согласија дека Јадранот како затворено море со интензивен сообраќај и ранлив екосистем има потреба од интегриран пристап кон заштитата на животната средина и одржлив развој.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он