Полошко-кумановската епархија се дели на два дела

Од:

Светиот Синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на денешната седница одлучи да ја подели Полошко-кумановската епархија на два дела.

Согласно едногласно упатениот предлог од страна на Архиерејскиот епископско-црковно народен собор Полошко-кумановската епархија се дели на Кумановско-осоговска православна епархија со седиште во Куманово и Тетовско-гостиварска православна епархија со седиште во Тетово.

Исто така, беше утврдена и програмата за одбележување на 1700 годишнината од Миланскиот едикт и 1150 годишнината од Моравската мисија. Централното одбележување на овие два јубилеја ќе се одржи на 29 септември 2013 година во катедралниот храм Света Софија во Охрид.

По повод 50 – годишнината од осветувањето на првиот храм во Американско-канадската епархија, Синодот денеска одлучи на црковната општина Свети Петар и Павле во Краун Поинт да и додели орден на Свети Климент Охридски од Прв ред.

Синодот денеска ги прифати годишните извештаи на епархиите на МПЦ како во Република Македонија така и во дијаспората. Исто така, посебно внимание било посветено и на дејноста на воспитно образовните институции на МПЦ-ОА, како и на другите црковни органи и тела.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите