Челзи, Ливерпул и Сити се премислуваат – Суперлигата неизвесна уште пред да се формира

Од:

Тројца премиерлигаши почнале да се двоумат за идејата за влез во Супер лигата, објавија различни британски медиуми.

Според „Тајмс“, еден од клубовите веќе одлучил да го напушти списокот на учесници. За потсетување, од Англија на новиот турнир резервиран за најголемите клубови, требаше да учествуваат Манчестер сити, Челзи, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

„Гардијан“ пренесува дека има сомнежи кај раководството на клубови како што се Челзи и Манчестер сити за нивното учество во Супер лигата.

Истата ситуација, според изданието „Билд“, се појавила и во Ливерпул.

Забележано е дека клубовите не очекувале толку голема негативна реакција од јавноста.

Ноќта на 19 април веќе споменатите англиски клубови, како и Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус најавија создавање на ново натпреварување – Супер лигата. Првите натпревари се закажани за август 2021 година.

Би можело да ве интересира

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана

Шеснаесет од 27 фудбалски федерации во ЕУ се спротивставија на Супер лигата, Шпанија и Италија меѓу нив

Ана Ололовска

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус

Анчелоти за Суперлигата: Мислев дека тераат некој мајтап

Жарко Настоски

Перез: Ако сметате дека Супер лигата е мртва, не сте во право

Ана Ололовска

Чеферин: Англиските клубови направија грешка, но се вратија и сега продолжуваме заедно

Ана Ололовска