„Човекот од челик” е новиот холивудски блокбастер, кој утревечер премиерно ќе биде прикажан во Синеплекс, а на чии ефекти работеше и македонското студио ФХ3Х како дел од екипата на Scanline од Лос Анџелес.
Станува збор за новото продолжение на Супермен на Ворнер Брос, овој пат под режисерската палка на Зак Снајдер кој во првиот викенд на прикажување заработи 196,7 милиони долари. Со тоа, „Човекот од челик“ постигна историска рекордна заработка за јунска премиера.
Во Америка, досега рекордер за прв викенд на премиера во јуни беше „Тој Стори 3“ со 110,3 милиони долари.