Поранешниот папа Јован Павле Втори, според најавите од Ватикан, во октомври оваа година би требало да биде прогласен светец. Папата Војтила беше беатифициран на 1 мај 2011 година откако калуѓерката Марија Симон Пиере, која боледувала од Паркинсонова болест, чудесно оздраве, откако, според нејзиното тврдење, мусе молела на покојниот понтиф.
По ова, Теолошката комисија на Конгрегацијата за прашањето на светците призна и друго необјаснивно оздравување на засега се уште неидентификувано лице кое мусе молело за помош на Јован Павле Втори.
Папата Војтила би можел да биде канонизиран на 20 октомври, кога се одбележува 35- годишнината од неговиот избор за папа или шест дена подоцна на датумот на неговата инаугурација.
За завршувањето на процедурата потребна е уште потврда на Конгрегацијата за прашањето на светците, како и потпис на папата Франциско.