Припадник на авганистанската полиција денеска уби петмина свои колеги во јужниот дел на земјата, соопштија властите.
Напаѓачот побегнал од местото на нападот, земајќи со себе оружје и муниција. Според локален функционер во провинцијата Хелманд, убиецот е талибанец кој се инволвирал во полицијата.
Талибанските бунтовници презедоа одговорност за инцидентот, потврдувајќи дека полицаецот е нивни човек.