ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците болни од Ковид-19 да се вратат во изолација, ќе следува кривична пријава

Од:

„Пратениците болни од Ковид-19 веднаш да се вратат во изолација, зошто ќе поднесеме кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, гласањето е нелегитимно“, велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, изолацијата од КОВИД 19 е задолжителна и истата не смее да се прекршува и прекинува, за ништо друго освен за посета на лекар. Правилата и прописите се јасни и децидни.

„Одговорност мора да има за сите од лицата кои ги пропуштиле да влезат во собранието и да го загрозат здравјето на сите, до Талат Џафери, кој дозволил нивно гласање, иако истите имаат решение за изолација и не смеат да го напуштаат домот, и да го посетуваат работното место. Талат Џафери и СДСМ денеска покажаа дека законите за нив не значат ништо, и дека ги кршат на секој чекор, овие преседани не смеат да продолжат. Доколку ова помине, државата веднаш да им ги врати парите на сите казнети за неносење на заштитни маски, на сите кои го прекршиле полицискиот час и на сите кои потрошиле заштеди и подигале кредити за да се лекуваат низ КОВИД болниците. СДСМ е најголем ширач на зараза и канцерот на државата“, стои во соопштението.

Денеска во скафандери и сместени во посебна просторија двајцата претеници кои се позитивни на Ковид-19 присуствуваа на пленарната седница на Собранието.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски