ВМРО – ДПМНЕ е во Собранието и ќе обезбеди кворум, нема да гласа за законите кои служат за криминалните афери на СДСМ и ДУИ

Од:

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ е во Собранието и ќе обезбеди кворум , но само за 36 седница на која треба да се изгласа пакетот мерки за помош на економијата и граѓаните, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Тој ги обвини СДСМ и ДУИ дека прават театар од седницата за економски мерки, за кои ВМРО – ДПМНЕ биле подготвени да гласаат уште во четвртокот.
„Владејачкото мнозинство работи на штета на граѓаните и на економијата. Петтиот пакет мерки трпи заради тврдоглавоста на власта. Петтиот пакет мерки ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега граѓаните и компаниите ќе ги имаа средствата“, рече координаторот Мицевски.

Тој тврди дека Џафери и Заев намерно ги кочеле мерките. Стопанствениците и граѓаните, Мицевски потсети дека два месеци чекаат помош од власта за која вели дека работи на нивна штета.

„Петтиот пакет мерки помина на Влада на 16 февруари. Во Собрание дојде на 19 февруари. Од тогаш до денес поминаа два месеца. Заев имаше кворум кога сам себе си гласаше доверба за Влада и можеше да ги изгласа мерките, но тој тоа не го направи. Не го направи затоа што тој е кочничар а сака да создава атмосфера дека некој друг ја кочи работата. Го повикуваме Талат Џафери денес да ја почне 36 седница, за таа веднаш да биде изгласана и парите да стигнат до граѓаните и стопанствениците“, рече координаторот Мицевски.

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, дополнително, го повика претседателот на Собранието, Талат Џафери, во иднина да повикува таканаречени ковид – седници на кои ќе бидат на дневен ред точките и законските решенија потребни за справување со пандемијата.

„Врзувањето на нужноста на законите за справување со пандемијата со закони за кои само Заев знае зошто ги турка е безобразие и мора да престане. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ нема да дозволи да биде злоупотребена и нема да обезбедува кворум за закони кои не се во интерес на граѓаните туку единствено би служеле на криминалните афери на СДСМ и ДУИ“, смета Мицевски.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на осми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски