Деветтата симфонија на Бетовен за отворање на 34. „Скопско лето“

Од:

На првиот ден од летото и на Светскиот ден на музиката – 21 јуни во Македонската опера и балет свечено ќе биде отворена 34. летна културна манифестација на главниот град „Скопско лето“. Отворањето ќе биде со Деветтата симфонија на Бетовен во изведба на 26-член мешан хор од Јапонија заедно со комплетниот состав на Хорот и Оркестарот на МОБ.

Концертот ќе го води  јапонскиот диригент Шунго Моријама, а  солисти ќе бидат сопранистката Еми Хишики и баритонот Кеизуке Отани од Јапонија и мецосопранот Ирена Кавкалевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски од Македонија. Во „Мала станица“ претходно ќе биде отворена изложба на Марија Светиева за 27 години од нејзиното ликовно творештво.

sk.leto2013_e-katalog

Мирко Стефановски од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на манифестацијата, на прес-конференција рече дека  на „Скопско лето“ годинава ќе има околу 2.000 учесници од Македонија и од над 20 земји,  70 програмски содржини кои ќе се одржуваат на отворените простори низ градот, а главни локации се МОБ, платото пред Универзалната сала и  скопската чаршија.

– Активностите годинава се во сеќавање на 50 гиодини од скопскиот земјотрес и потсетување на светската солидарност, како и на 50-те години од Елисејскиот договор меѓу Франција и Германија и 50 години од Музичка младина на Македонија, рече Стефановски.

Тој соопшти дека покрај јапонскиот хор за отворањето, ќе  гостуваат уште два големи ансамбла – на 25 јули во МОБ ќе настапи 90-члениот Кинески оркестар од Пекинг, а на 20 август на кејот под Камениот мост ќе гостува Младинскиот оркестар на Европската унија – Симфониски орекстар со 125 музичари од 29 земји-членки на ЕУ. Дирекцијата го најави како ексклузивен концерт и надвор од редовната програма на манифестацијата (21 јуни – 31 јули).

Покрај нив ќе гостуваат и други камерни состави и солисти од Унгарија, Словенија, Австрија, Турција, Бугарија, Финска, Данска… Ќе настапи и македонскиот национален ансамбл „Танец“,  а како и во изминатите години и ова издание ќе понуди разновидни содржини – изложби, десетина претстави, меѓу кои и обновената „Солунски патрдии“, амбиенталната „5:17“, премиерата за деца „Оливер Твист“, гостувања на театрите од Прилеп и Струмица,  „Летно кино“ во Градски парк од 6 јули, ревија на наградени филмови од годинашниот „Асретфест“, француско-германско-македонски филмски концерт „So this is Paris“ – за половина век од Елисејскиот договор,  мултимедијалните проекти „Скопски урбани приказни“ и „Мое Скопје“, стендап-комедии.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата