На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

Од:

Најмалку 25 луѓе се повредени на забава откако се срушил подот од куќата на два спрата, во американската држава Џорџија.

На забавата, во близина на Универзитетот во Џорџија, присутни биле поколу 500 луѓе.

Гостите се здобиле со бројни повреди, од исекотини до скршени раце, откако подот пропаднал во подрумскиот простор од куќата.

„Можеше да биде и многу полошо, треба да бидеме благодарни што работите завршија вака“, изјавил капетанот на пожарникарната служба, Нејт Мос, додавајќи дека ваквите несреќи се честа појава во старите објекти каде што има многу луѓе.

Улицата каде што се наоѓа куќата била преполна со возила и луѓе кои излегле надвор за да видат што се случува, па противпожарните возила едвај успеале да се пробијат до местото на несреќата.

„Во куќата имаше толку многу луѓе, па поголемиот дел од приземјето се срушил во подрумот“, изјавил Нејтс.

Би можело да ве интересира

Уапсена е уште една осомничена во врска со трагедијата на железничката станица во Нови Сад

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

(ВИДЕО) Нови Сад застана на 14 минути

А1он