Генералниот штрајк во прилепски Еурокомпозит продолжува

Од:

Вработените во прилепската фабрика „Еурокомпозит“ продолжуваат со генералниот штрајк веќе осми ден.Претставниците на синдикатот информираат дека имале средба со министерот за економија Ваљон Сарачини, кој ги инфоримирал за новиот тендер за продажба, ветувајќи им излез од оваа ситуација.

Првиот синдикалец, Бранко Чатлески, најави дека в недела е закажана средба со премиерот Никола Груевски.Според него работниците се доведени во очај, без пари и без сини картони и бараат начини за преживување и не веруваат дека нешто брзо и ефикасно ќе се случи. Многумина од вработените доброволно бараат да бидат прогласени за технолошки вишок за да можат да се оперираат.

И директорот Никола Лучески нема конкретно решение за проблемот, бидејќи тендерите за продажба на фабриката се неуспешни.

Од синдикатот најавуваат дека доколку Владата не излезе со конкретни решенија и не им бидат исплатени заостанатите плати, ќе излезат на заеднички протест со вработените од Тутунскиот комбинат, загубарите од ЕМО Охрид и вработените во Охис.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница