НАСА за првпат лансира сонда со екипаж и повеќекратна ракета на СпејсЕкс

Од:

Американската Национална воздушна и вселенска агенција (НАСА) следната недела испраќа свој екипаж на Меѓународната вселенска станица со сонда за повеќекратна употреба и повеќекратна товарна ракета од прва етапа, соопши Кети Лудерс, раководител на програмата за полети со пилоти.

Стартот на сондата „Кру драгон“ со товарната ракета „Фалкон 9“ е планиран за 22 април.

-За првпат ќе употребиме повеќекратна сонда и повеќекратна прва етапа, изјави таа за време на брифинг пред закажаниот старт.

На МВС ќе бидат испратени астронаутите на НАСА, Роберт Кимбро и Меган Макартур, како и францускиот Тома Песке, и јапонскиот Акихико Хосида.

При подготовката на летот беше откриен технички проблем (отклонување во индикаторите забележан за време на полнење гориво во ракетата), но специјалистите имаат намера да го отстранат до стартот. Од друга страна, астронаутите кои се сега на МВС, Шенон Вокер, Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Соити Ногучи, на 28 април ќе се вратат со сондата.

Ракетата „Фалкон 9“ лани на 30 мај од Вселенскиот центар „Џон Кенеди“ на Флорида за првпат изврши успешен лет со пилоти во орбитата на МВС, како прв таков лет на приватната компанија СпејскЕкс. До тогаш, од 2011 година, кога беше запрена шатл програмата на НАСА, американски астронаути можае да заминат на МВС само со руската ракета „Сојуз“.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица