Села до Џафери: Човекот чудно се однесува, свика седница во 18:12, а има пратеници кои одат на ифтар

Од:

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес-конференција на  Собранието за вчерашната неуспешна седница за петтиот пакет антикризни мерки рече дека одговорноста е на претседателот на Собранието, Џафери, кој, според него, чудно се однесувал и свикал седница без договор во 18 попладне, а не зел предвид дека по 19 часот почнува ифтарската вечера.

„Јас не сум ниту претседател на собранието ниту претседател на коалиција која има 61 пратеник за да бидам повикан да одговорам. Ние уште вчера бевме подготвени да гласаме, но не ни е јасно однесувањето на претседателот Џафери и никој нема одговор околу тоа. Да свикуваш седница во 18:12 минути, кога ни стигна пораката, а при тоа да немаш предвид дека имаш пратеници кои постат и во 19:20 е веќе ифтар, а тие луѓе цел ден се без вода и храна. И цел ден да зборуваш за Деловникот на Собранието, а при тоа да не земеш предвид дека Собранието работи од 11:00 до 18:00 . Да напоменам дека истата седница може да продолжи по ова време, но со одлука на претседателот и пратениците во заеднички договор. И при тоа се знае кои седници може да траат до полноќ и тоа си го пишува во Деловникот.  Тоа се седници на кои дебатата е еден или два дена, како што се интерпелации, формирање Влада, носење буџет, тоа е многу јасно. Не сум во позиција да одговорам хипотетички. Во една изјава за нашата блокада со амандманите кажав дека дебатата за вакви теми, како што се економија и финансии, е ограничена на три дена, а помина еден месец откако ги поднесовме. Не ми е јасно зошто целата вина се фрла врз нас кога постои законска можност и покрај блокадата да помине овој пакет мерки. Чудно се однесува човекот, се надевам дека тоа не му беше поради роденденот, кој му беше вчера, и му посакувам здравје и долг живот“, рече Села на денешната прес-конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Уште се чека на исходот за печатите на партијата, Алијанса за Албанците е соединета и во коалиција со Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

За Таравари утрешниот настан е седница, а не средба со Централното претседателство