Американскиот претседател отсега нема да може сам да одлучи земјата да истапи од НАТО

Од:

Вкупно 15 сенатори, демократи и републиканци, денеска во Сенатот поднесоа на разгледување нацрт закон за ограничување на правото на претседателот на САД да одлучува самостојно за истапување од воената алијанса НАТО без одобрение на Сенатот.

Текстот на законскиот проект претставува нова верзија на сличен документ, одобрен од сенатскиот Комитет за надворешна политика во декември 2019 година, но поднесен за разгледување во целосен состав на Сенатот.

Во случај претседателот да се обиде да ги повлече САД од составот на НАТО без одобрение на Сенатот, нацрт-законот предвидува забрана за финансирање на таквите активности, а исто така дава надлежност правен консултант на Конгресот да ги оспорува постапките на администрацијата на суд.

-Овој нацрт закон изразува отворена поддршка за НАТО од страна на Конгресот и гарантира ниту еден претседател да не може, во самостоен одлучување, да ги раскине врските на алијансата, се вели во изјавата на Тим Кејн, еден од иницијаторите на проектот.

Спонзори на нацрт законот се четири републиканци, вклучително и сенаторот Марко Рубио, како и девет демократи и независниот сенатор Ангус Кинг, кој ги поддржува демократите.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката