Политико: Урсула фон дер Лајен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Од:

Претседателката на Европската комисија Урусла фон дер Лајен се соочува со критики, откако јавноста дозна дека портапролот на Еврокомисијата Бјорн Сајберт наместо неа ја одбил официјалната покана за посета од украинскиот претседател Володомир Зеленски, што претставува кршење на дипломатскиот протокол.

Како што јави бриселски Политико, повикувајќи се на неименувани дипломати, Зеленски ја повикал Фон дер Лајен да ја посети неговата земја по повод 30 години независност, но наместо неа, на поканата одговорил нејзиниот портпарол и лично се потпишал, што е кршење на правилата.

Критичарите посочуваат дека како причина за одбивање е посочена „презафатеност“ иако поканата се однесува на 23 и 24 август, кога се намалени активностите на европските институции поради летната пауза.

Политико посочува дека со одбивањето на поканата, меѓу дипломатите во Брисел се доведува во прашање посветеноста на Фон дер Лајан за поддршка на Украина, посебно во момент на тензии меѓу таа земја и Русија.

Засега нема коментар од Европската комисија, ниту од Зеленски.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ