ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и рефундирање на парите за граѓаните што морале да се лекуваат во приватна болница

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид-19 во приватните болници, најави Ели панова пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Неспособноста на Филипче и Заев резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати. Голем дел од нив не можеа на време да се тестираат, немаа лекови, чекаа за во болница, а 1.700 починаа од јануари до сега, чекајќи вакцина. Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници – рече Панова.

Таа додаде дека ќе предложат и сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство,

– Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна. Со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство – вели Панова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски