Обвинение и предлози за парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот 52-годишник без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се движел на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“. Со ова тој постапил спротивно на мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од зарaзната болест Ковид-19, наведоа од ОЈО.

За непочитување на полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка и против двајца македонски државјани, кои исто така се гонат за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.

Од ОЈО посочија дека за секој од нив надлежниот јавен обвинител поднел предлози за издавање казнен налог со кои од Судот побара да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја определи на 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир