Сенатот на Мексико во обид да го контролира криминалот одобри создавање на регистар за складирање на биометриските податоци на милиони корисници на мобилни телефони.
Законот, кој веќе беше усвоен од Долниот дом на мексиканскиот Парламент, има за цел да помогне во борбата против криминалот во земјата, задолжувајќи ги телекомуникациските компании да собираат кориснички податоци, вклучително и отпечатоци од прсти и фотографии од ирисот на окото, за национален регистар со кој ќе раководи телекомуникацискиот регулатор.
Според поддржувачите на проектот, благодарение на регистарот на криминалците ќе им биде потешко да останат анонимни кога купуваат нови телефонски апарати и картички. Сепак, активисти за човекови права тврдат дека реформата го крши правото на приватност и може да доведе до злоупотреби и злосторства врз невини луѓе.