Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион на денешната прес-конференција рече дека донел одлука двајца самонаречини ктитори на црквите „Света Троица“ во населбата Баби и „Света Петка“ во селото Калузлија да ги суспендира од македонската црква.
Владиката Иларион изјави дека одлуката ја донел бидејќи двете лица незаконски и неканонски се богателе на сметка на верниците. Тој истакна дека во црквата „Света Троица“ во штипската населба Баби самоволни раководи извесен Далибор, кој не се покорува на Уставот на МПЦ, а како што рече имал намера црквата да ја приватизира.
– Средставта ги користи за изградба на дивоградби во дворот и никогаш не дава извештај за сето она што го работи, вели г.Иларион.
Митрополитот на Брегалничката епархија посочи дека иста е состојбата и во црквата „Света Петка“ во штипското село Калузлија, каде самонаречениот ктитор гради конак и фрескоживопис без одборение на епархијата и не дава отчет за средствата кои ги донираат православните верници.
Владиката Иларион истакна дека и за двата случаи ќе има судска постапка, а на православните верници од штипскиот регион им порача да не одат во неосветените храмови и да не донираат никакви средства.